Врнежи од дожд и посвежо

19

Времето во Македонија денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, ветровито и посвежо со пад на температурите. Поинтензивни врнежи од дожд ќе има во попладневните и вечерните часови.

Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 9 до 21 степен, а максималните дневни температури ќе се движат од 17 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со врнежи од дожд, ветровито и посвежо, а ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе биде до 16, а максималната дневна температура ќе достигне до 22 степени.