Вртоглав пораст на светските берзи

31
Businessman checking stock market online

Веста за напредокот во развојот на вакцините против коронавирусот влијаеше со огромен раст на берзите во светот.

Според анализата на Ројтерс, прометот на берзите надмина 2.000 милијарди долари, што е еден од најдинамичните денови во услови на пандемија.

Ова се случува откако американско – германскиот двоец, Pfizer и BioNTech, најавија ефикасност на нивната развиена вакцина од 90%.

На берзите во САД беше остварен промет од околу 500 милијарди долари, што еден од најпрометните денови во март, кога стравот од мерките за сузбивање на пандемијата ги сруши финансиските пазари. Во Европа, берзите “завртеа“ околу 120 милијарди долари.

Вредноста на акциите на компаниите што се чувствителни на економските осцилации, регистрирани се најдобри дневни резултати во САД во однос на ривалите кои се фокусираат на раст.

Сличен тренд на раст има и на пазарите на обврзници и валути.

Фото: Freepik