Вртоглаво расте бројот на продажни места каде се прифаќа American Express картичката

74

american-express2

Магичната бројка е надмината! American Express картичката веќе може да се користи на повеќе од 4.300 локации во Македонија! Силк Роуд Банка, која е единствен овластен издавач на овој престижен бренд на платежни картички за Македонија, е горда што American Express картичката е прифатена во многу голем број продажни места на македонскиот пазар.

„Досега имаме издадено околу 10.000 American Express картички. Нивниот број сè повеќе расте, следејќи ја експанзијата на продажни места кои ја прифаќаат истата”, велат од Банката.

Препознатлива и различна, програмата Твој Бонус е единствена програма на македонскиот пазар за поврат на дел од потрошените средства при користење на платежна картичка. Секогаш кога имателите на American Express картичка ќе ја искористат истата кај некој од 100-тината брендови-партнери во оваа програма, тие добиваат од 2,5% до 15% бонус на потрошената сума.

Клучната предност на Твој бонус програмата е што нема ограничување на производите на кои може да се добие овој бонус. Дури и во денови како Black Friday, кога се најголемите попусти во продавниците, корисниците на American Express картичката го добиваат бонусот назад на нивната картичка. Средствата од бонусот можат да ги искористат секаде каде што се прифаќа American Express картичка. Во оваа програма нема ограничување на производите кои сакате да ги купите, нема минимален износ на пазарење и нема лимит на бонусот кој го добивате користејќи ја American Express картичката.

“Дефинитивно, оние кои ја користат картичката веќе се научија што значи програмата Твој бонус. Бројот на трансакции кај големите трговци кои се дел од програмата постојано расте, што за нас е сигнал дека корисниците ги чувствуваат бенефитите и навистина уживаат во нив“, велат од Силк Роуд Банка, горди што со оваа уникатна програма прават голем продор на конкурентиот пазар на платежни картички во Македонија.

american-express-1

Бенефитите од Твој бонус програмата во Македонија може да се искористат во 100-тина брендови, односно на 250 продажни места. Програмата Твој бонус се однесува на кредитните картички на American Express, додека кај дебитните картички програмата е лимитирана и функционира само кај одредени трговци.

„Во моментов сме фокусирани на проширување на програмата со квалитетни партнери, односно брендови со кои ќе бидеме подостапни за нашите клиенти ширум Македонија. Плановите за зголемување на бенефициите и задоволството на нашите клиенти вклучуваат и плаќање на рати“, велат од Силк Роуд Банка.

Корисниците на American Express картичките можат постојано да проверуваат на веб страницата на кои локации можат да ја користат картичката и каде да ги користат предностите од Твој бонус програмата.

Поволности на кредитните картички American Express:

  • До 15% бонус на над 250 продажни места
  • Минимален месечен износ за отплата од 5%
  • Бескаматен грејс-период до 50 дена за безготовински трансакции
  • Меѓународни интернет плаќања – eBay, PayPall, Booking
  • Плаќање на 3 или 6 рати без камата кај некои трговци
  • Подигнување готовина на повеќе од 650.000 банкомати ширум светот