Втор неуспешен обид за продажба на Далмацијавино

56

DALMACIJAVINOНе успеа ниту второто усно јавно наддавање за продажба на Далмацијавино, затоа што немаше заинтересирани за купување на имотот како целина по почетна цена од 36,3 милиони евра. Третото наддавање е закажано за октомври, пишува Бизнис.хр.

Стечајниот управник на Далмацијавино, Перица Митровиќ, побара до следното јавно наддавање почетната цена да се намали за 30%.

На продажба се ставени 60.000 метри квадратни од фабриката во Сплит во која се произведуваат алкохолни и безалкохолни пијалоци. Покрај тоа, на продажба се хварските винарии во Стари Град и Јелса, земјиште во Врбањ, фабриката за квас и винскиот подрум во Дрниш, насади на винова лоза во Дрниш и на Хвар, деловно – магацински простор во Велика Горица, Задар, Риека и Вуковар, како и правата на брендовите Далмацијавино и Пипи.

Според податоците од повикот за јавно наддавање, утврдената вредност на брендот пијалоци Пипи е 1,08 милиони евра, а на корпоративниот бренд Далмацијавино околу четири милиони евра, двете без ДДВ.