ВВС: На Римац му рекле да се откаже од својот сон

96

Мате Римац води компанија за производство на електрични автомобили што ги продава некои од најегзотичните возила на планетата, но не било така и на почетокот, пишува ВВС за хрватскиот претприемач и сопственик на Rimac Automobili.

Британскиот медиуми се навраќа на тоа кои биле почетоците на Римац, кој во својата гаража направил “монструм“ од своето старо BMW.

Брадестиот, строго облечен 33-годишник подобро би се вклопил во Силиконската долина, па затоа и редовно го споредуваат и со сопственикот на Tesla, Илон Маск.

Како што пишува ВВС, ѝ го заврте грбот на Калифорнија во корист на родната Хрватска. Неговата компанија Rimac Automobili е сместена во малиот град Света Недела.

Автомобилите по секоја мерка се извонредни, но тие се само еден дел од бизнис моделот на Римац. Компанијата се поставува и како добавувач на технологии на други производители, за да може да создаде сопствен електричен автомобил со високи перформанси.

“Бидејќи немавме инвеститори, моравме да заработуваме од првиот ден. Тогаш сфативме дека луѓето сакаат да инвестираат во компании за хипер автомобили, одошто во умерени бизниси“ вели Римац, кој додава дека со обезбедување на потребната технологија на други производители, успеал да создаде извор на финансирање што ќе поттикне и одржлив раст.

Според него, започнување автомобилски бизнис во Хрватска се покажа како голем предизвик.

“Не можев да вработам било кој кој работел со автомобили. Отидов во Универзитетот во Загреб и им кажав дека сакам да направа автомобил. Ми рекоа дека тоа во Хрватска не е можно и затоа да се откажам час поскоро, бидејќи помалку луѓе ќе ‘потонат’ со мене“, рекол Римац.

Во Силиконската долина бил еднаш за да пронајде инвеститори, но таму биле целосно незаинтересирани.

“Тоа беше пред осум години кога електричните автомобили не беа интересни. Тие само вложуваа во социјални мрежи, не сакаат да ги чепкаат електричните автомобили. Денес е сосема поразлично. Сите вложуваат огромни суми во електрични автомобили на основа на успехот на Tesla“, вели Римац.

Фото: Facebook