Wayv – безбедносен, светлосен појас и кацига за велосипедисти

31

Фото: WAYV

Старт – ап од Лондон, создаде безбедносен систем за велосипедисти којшто им пружа поголема заштита во ноќните часови, кога е помалку безбедно да се вози.

Wayv се состои од појас и кацига опремени со LED сијалички коишто сигнализираат дека во сообраќајот учествува велосипедист и даваат сигнали за неговото движење. Појасот има предна и задна светлосна сигнализација, а може да се намести и на ранец.

Системот функционира на ист начин како и светлосниот систем кај автомобилите и ги користи истите сигнали во сообраќајот коишто се разбирливи за сите.

Wayv има над 200 LED сијалички и според начинот на светење можат да се препознае што следно сака да направи велосипедистот.

Појасот е многу лесен, брзо се полни и издржлив е на секакви временски услови. Тој е доволно мек и не пречи во носењето, а кога не се употребува се собира и се пакува во мала торбичка.

Заедно со него доаѓа и водоотпорна, светлосна кацига и копчиња за контрола што се поставуваат на самите рачки. Тие го дополнуваат системот за заштита и лесно се управуваат, така што велосипедистот не мора да ги испушта рачките од дланките.

Производот има и своја кампања на платформата за групно финансирање Kickstarter