weatherHYDE – шатор што спасува животи во случај на природна катастрофа

34

30

Фото: weatherHYDE

weatherHYDE е шатор дизајниран да спасува животи на бездомници во случај на природни катастрофи или екстремни временски услови.

Шаторот има специјален трислоен материјал што овозможува заштита кога температурите се под нулата. Материјалот на дозволува топлината од внатре да излезе надвор.

Освен тоа, ја блокира светлината и не се гледаат сенките од луѓето со што е овозможена целосна приватност. Уникатниот дизајн придонесува weatherHYDE да се намести и во тешки услови. Благодарение на тешката рамка, шаторот нема потреба дополнително да се прицврстува за земја.

Светлите бои и рефлектирачките детали овозможуваат подобра видливост и безбедност ноќе. За местење не се потребни никакви алати, а доволни се само 15 минути за да се прицврсти. Шаторот има врати на двете страни, не пропушта вода и штити од штетните UV зраци. weatherHYDE е дело на индиската компанија billionBricks, чиј основач работел како архитект 13 години.