Wells Fargo доби рекордна казна од 1 милијарда долари

24

Фото: Facebook

Американската мултинационална компанија за финансиски услуги, Wells Fargo, е казнета со рекордни 1 милијарда американски долари од двајца американски регулатори за решавање по истрагите за осигурување на автомобил и хипотекарно кредитирање, објави BBC.

Банката покрај паричната казна мора да им надомести и на клиентите.

Казната е наметната од регулаторите, односно од Заводот за заштита на потрошувачи и Канцеларијата за контрола на валутите. Регулаторите појаснуваат дека Wells Fargo го прекршилa законот во постапката на осигурување на автомобилот којшто бил земен на лизинг.

Рекордната казна се води како една од најголемите казни и скандали во банкарскиот сектор во последните неколку години.