WhatsApp под истрага во Турција

40
Woman showing a WhatsApp Messenger icon

Регулаторното тело за пазарна конкуренција на Турција покренува истрага против WhatsApp и неговиот сопственик Facebook, откако апликацијата за размена на пораки побара од корисниците да се согласат Facebook да им собира кориснички податоци, вклучувајќи телефонски броеви и локации.

WhatsApp минатата недела ги ажурираше условите за користење, овозможувајќи му на Facebook и неговите подружници да имаат пристап до податоците. Рокот за прифаќање на новите услови е осми февруари.

Неговите конкурентни за размена на пораки, Signal и Telegram од тој момент бележат поголема побарувачка.

Турската влада воведе нови ограничувања и парични казни за технолошките компании со социјални мрежи откако го донесе законот со којшто го зајакнува локалниот надзор над странските компании.

Фото: Freepik