Whispers – Facebook и Amazon за богати

34

Автомобилскиот бренд Rolls Royce разви социјална мрежа што им е посветена само ексклузивни членови кои имаат подлабок џеб. На едно место, членовите на оваа мрежа ќе ги имаат на располагање најпрестижните и најретки производи во светот, а ќе можат и меѓусебно да комуницираат.

Според ова, како што пишуваат странските медиуми, ова може да биде Facebook и Amazon за богати луѓе. на едно место може да се видат и купат луксузни колекции коишто не може секој да си ги дозволи. Освен тоа, членовите на овој “луксузен“ клуб ќе имаат шанса да уживаат во приватни настапи на филхармонија, седишта во прв ред во тек на модна недела, ВИП влезници за различни настани.

Целта на Whispers е да прерасне во “најексклузивен приватен клуб во светот“, а поради тоа зачленувањето ќе биде ограничено само на сопствениците на новите Rolls Royce возила.

Фото: Pexels