Wikipedia воведува нова функција

17

Фото: Pixabay

Wikipedia додаде нова функција во своето портфолио на услуги: Прегледи на страници. Фондацијата Wikimedia, вели дека тоа е “една од најголемите промени на платформата направени во последниве години”, пренесува TheVerge.

Читањето на некоја содржина на Wikipedia може да биде забавнo и информативно, но исто така може да го дефокусира читателот  – особено ако статијата што ја кликнувате не е навистина корисна.

Затоа од сега, корисниците ќе имат можност во помал прозорец да ја видат содржината којашто им треба и потоа да одлучат дали сакаат да ја прочитаат информацијата на страната на платформата.

Досега според статистиката корисниците помалку ги отвораат страниците на Wikipedia што значи дека овие “скокачки прозорци“ се корисни, овозможувајќи им да го дознаат токму она што го бараат, без да лутаат во мноштвото факти и бројки што ги има на енциклопедијата.