Wizz Air привремено затвора 36 линии во регионот

115

Нискобуџетната унгарска авиокомпанија Wizz Air привремено, во текот на зимата, ќе откаже 36 линии во земјите од регионот.

Ќе бидат прекинати дури осум линии од аеродромот во Тузла, а ја откажаа и единствената линија во Словенија.

Последниот лет годинава меѓу Шарлроа во Белгија и Љубљана е закажан за 24 октомври, а летовите се очекува да бидат повторно воспоставени во март следната година, пренесува SEEbiz.

Претходно, Wizz Air откажа четири линии од аеродромот Тузла, а сега откажува уште четири линии кон Берлин, Келн, Баден и Ваксјо во Шведска.

Овие летови треба да се вратат во март следната година. Четирите правци што беа откажани порано требаше да бидат обновени во октомври, но тоа сигурно нема да се случи оваа година.

Wizz Air го откажа и летот од Сараево до Будимпешта, но тој треба да биде воспоставен на втори октомври.

Фото: Pixabay