WJ: Кина сака да ја контролира компанијата на Џек Ма

29

Пекинг наводно се обидува да ја намали технолошката и финансиската империја на Џек Ма и има намера да земе поголем удел во неговиот бизнис, пишува The Wall Street Journal.

Неименувани кинески државни службеници и советници запознаени со ситуацијата тврдат дека кинеските финансиски регулатори ги реструктуираа плановите за инвестиции оваа недела според кои финансискиот и технолошки гигант Ant Group треба да се врати на своите почетоци како провајдер на услуги за плаќање преку Интернет, како што е PayPal.

Според весникот, регулаторите предводени од Националната банка на Кина тврдат дека Ant Group мора да формира посебен финансиска холдинг компанија која би имала правила слични на оние на банките. Според изворите на весникот, тоа ќе им овозможи на банките и другите државни институции да купат удел во компанијата.

Фото: Facebook