Woman Interrupted: Апликација што мери колку мажите ги прекинуваат жените

7

women

Бразилската рекламна агенција BETC ja направи апликацијаta Women Interrupted, којашто мери колку пати мажите за време на разговорот ги прекинуваат жените. Откако ќе се инсталира апликацијата на мобилниот телефон, корисникот треба да го сними неговиот глас (за да биде препознаен). Апликацијата го користи микрофонот за да ги анализира разговорите и да ги идентификуваат прекините во реално време, пишува Business Insider.

Апликацијата ги брои само прекините, а не ги снима разговорите, велат од агенцијата. Woman Interrupted е достапна за iOS и Android.

“Ние, жените секој ден се бориме да го добиеме нашиот простор на работното место и правото да се изразиме,“ вели, Гал Барадас, ко – извршен директор на BETC.