X ќе дозволи рекламирање на кандидатите пред изборите во САД

11

Платформата Х (Твитер) објави дека ќе дозволи политичко рекламирање на кандидатите и политичките партии и ќе го прошири својот безбедносен и изборен тим пред претседателските избори во Соединетите држави во 2024 година.

Пред милијардерот Илон Маск да ја купи компанијата во октомври, Твитер ги забрани сите политички реклами ширум светот од 2019 година.

Во јануари, Твитер ја укина забраната и дозволи во САД „реклами засновани на причина“ кои ја подигнуваат свеста за прашања како што е регистрацијата на гласачите.

Исто така, најави планови за проширување на видовите политички реклами што ќе ги дозволи на платформата, пренесува Ројтерс.

Потегот да се дозволат сите политички реклами во САД може да му помогне на Х да ги зголеми приходите во време кога многу огласувачи побегнаа или го намалија рекламирањето на платформата поради страв да не се појават во несоодветна содржина, проценува британската агенција, а пренесува Танјуг.

Во блог пост, Платформа Х  објави дека ќе ги прошири своите тимови за борба против манипулацијата со содржина и „појавите закани“.

Компанијата соопшти дека ќе создаде глобален центар за транспарентност за рекламирање, кој ќе им овозможи на корисниците да видат кои политички реклами се промовираат на платформата и додаде дека ќе продолжи да забранува политички реклами кои шират лажни информации или сакаат да ја поткопа довербата на јавноста во изборите.

Социјалната мрежа Х, како и другите платформи, долго време е мета на критики дека не прави доволно за да се спречи погрешна или лажна содржина за време на изборите.