Y-PEER Македонија објави повик за дизајн на разгледница

46

razglednica

Младинско учество е темата за конкурсот за разгледници на Y-PEER Македонија за кој младите до 29 години треба да земат учество најдоцна до 05 август.

Разгледницата треба да повикува на младинско вклучување и учество при создавањето на развојните политики на светско ниво, поточно да се информираат за развојната агенда на ООН и улогата на младите во истата.
Разгледницата треба да е дизајнирана во димензии 105 mm х 148 mm и да се достави во еден од следните формати AI, EPS, PDF (со задолжителен приказ во JPG); доколку визуелното решение е фотографија да се достави во 300 DPI со димензија 105 mm x 148 mm.
Победничкото визуелно решение ќе се печати во тираж потребен за кампањата Youth Voice и ќе се награди со -Pen Tablet Pro.
Креативното решение, согласно пропишаните спецификации, треба да се прати на postcards.ypeermk@gmail.com, при што ќе добиете потврда за успешно примање на решението.

Повеќе информации на http://youthpeer.org.mk/y-peer-makedonija-konkurs-za-dizajn-na-mladinska-razglednica/