Yildiz Holding продаде 20% од акциите на Ülker

48

ulker-logoНајголемата турска групација во прехранбената индустрија, Yildiz Holding, минатата недела продаде 20% од акциите на подружницата Ülker на 44 странски инвеститори за 431 милиони долари.

Ова е најголема продажба во небанкарска индустрија во последните три години во Турција. Цената беше 6,60 долари за акција, пишува Заман.

Ülker првата јавна понуда ја одржа во 2010 година, кога продаде 22% од акциите. Со последната продажба, Ülker истргува 42% од своите акции на берзата.

Пред 2010 година, Ülker се состоеше од 24 подкомпании. Сега структурата е поедноставена и компанијата е консолидирана на пет подкомпании.

“Ја реорганизиравме дистрибутивната мрежа и за половина го намаливме бројот на камиони. Го оптимизиравме бројот на производи што ги продаваме, со што стекнавме значителна профитна маргина. Нашиот профит во 2012 година изнесуваше 2,3 милијарди долари. Во 2011 година преговаравме со 117 странски инвеститори, 255 инвеститори во 2012 година и 165 во првата половина на оваа година, со цел да се подобрат перформансите на Ülker”, вели извршниот директор на компанијата, Мехмет Тутунку.

Тутунку додава дека операциите на Yildiz Holding во Египет и Саудиска Арабија ќе бидат ставени под капата на Ülker. Ова реструктуирање ќе биде завршено во следните неколку месеци. Двата пазари се растечки, па се очекува да расте и профитот на Ülker .