YouTube, ‘машината’ за правење пари, слави 15 години

169

Гигантската видео платформа YouTube денес го слави својот 15 роденден. Како стана највлијателната платформа во светот, со огромен број посетители, големи профити и повеќе критики…

“Океј, еве сме пред слоновите. Најдоброто нешто во врска со овие момци е што тие имаат навистина долги сурли. И тоа е кул. Тоа е сè што има да кажам “.

И, тоа беше навистина сè што беше речено во првото видео некогаш објавено на YouTube. Станува збор за снимка од 18 секунди со низок квалитет, наречена “Јас во зоолошката градина“, на која е прикажан Џавед Карим, еден од основачите на платформата, пред слоновите во зоолошката градина Сан Диего.

Кога го основаа YouTube на 15 февруари 2005 година, Карим и неговите пријатели Чад Харли и Стив Чен не можеа да сонуваат каде ќе ги однесе. Само една година подоцна, тие ја продадоа платформата на Google за 1,65 милијарди долари.

“Јас бев тинејџер што правев видеа од спалната соба, зборувајќи за најобичните работи. Ништо спектакуларно. Тогаш, не стануваше збор за продажба на производи или рекламирање“, вели Кијо Дерер (28),новинарка на економската редакција на DW “, која имала  YouTube канал уште во 2007 година. Тогаш, не стануваше збор за продажба на производи или рекламирање“.

Ништо не исто

До денес, YouTube помина долг пат – од платформа со кратки снимки на смешни мачки, до втората најпосетувана страница на планетата по пребарувачот Google. Сега, годишно се генерираат 15 милијарди долари само од рекламирање. И покрај блокадата во Кина и неколку други големи земји, YouTube има рекорд од две милијарди месечно активни корисници, пишува DW.

“Ветераните на„ YouTube велат дека ништо не е како што било. Претходно, можеше да бидете креативни или луди, но денес на платформата доминираат најголемите телевизиски мрежи и музичките продукции “, вели Дерер.