За 10,7% повеќе издадени одобренија за градење во август

9

Во август оваа година се издадени 155 одобренија за градење, што е за 10,7% повеќе во однос на истиот месец претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 904.534.000
денари што е за 54,2% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 100 или 64,5% се наменети за објекти од високоградба, 11 односно 7,1% за објекти од нискоградба и 44 т.е. 28,4% за објекти за реконструкција.

Од вкупно 155 објекти, на 114 или 73,5% како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 41 објект  односно 26,5% инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 165 станови, со вкупна корисна површина од 15.327 метри квадратни.