За 27-ми мај е најавена официјалната премиера на новата епизода од популарната серија Пријатели (Friends), а на платформата Booking повторно е поставена популарната реплика на станот и другите простории во коишто е снимена една од најпопуларните американски серии.
Внатрешните сцени од серијата се снимани во студио во Лос Анџелес, надворешноста е снимана во Њујорк и тоа на улицата што се може да се посети преку The Friends Experience.
На посетителите им стојат на располагање 18 простории што имаат реквизити од станови и на кои што може да се рекреираат најпознатите сцени од серијата.
Може да се посети станот на Рејчел и Моника, да се ужива во удобните фотелји на Чендлер и Џои, но и да се испробаат некои од оригиналните костими што се користени за време на серијата.
За посетителите е организирана и посебна вечера, а наутро може да уживаат со кафе и појадок во познатиот Central Perk.
Цената на ноќевањето е 19,94 долари симболично бидејќи првата епизода од серијата е снимена во 1994-та година, а дозволено е да се престојува само по два вечери по ред.
Фото: Booking











