За 220% зголемен извозот на руско злато во светот

27

Податоците на руската федерална царина покажуваат дека рускиот извоз на злато во март се зголеми за 220% на годишно ниво, на 26,5 тони, достигнувајќи вредност од скоро 1,5 милијарди долари.

Извозот на овој благороден метал во март беше 2,3 пати поголем од претходниот месец, пренесува Russia Today.

Велика Британија и понатаму е најголем купувач на руското злато, со купени 21,1 тони вредни 1,2 милијарди долари.

Од податоците не се гледа дали купеното злато ќе остане во Велика Британија или ќе биде препродадени во други земји, бидејќи Лондон важи за светски центар за трговија и складирање на благородни метали.

Според статистиката, околу 1,5 тони од руското злато е извезено во Турција и Индија, а меѓу купувачите биле и Казахстан, Швајцарија, Ерменија и други.

Севкупно, извозот на руско злато во првиот квартал од 2021 година изнесуваше 51,8 тони и вредеше три милијарди долари, а што се однесува до количината, тоа е пораст од 72% во однос на истиот период во 2020 година.

Фото: Pexels