За 28% зголемен бројот на туристи во март

32

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во март 2021 година изнесува 23.000, а бројот на ноќевањата изнесува 52.056.

Бројот на туристите во март 2021 година, во однос на март 2020 година, е зголемен за 28,2%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 24,1%.

Бројот на домашните туристи во март 2021 година, во однос на март 2020 година, е зголемен за 76,9%, а бројот на странските туристи е намален за 1,6%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март 2021 година, во однос на март 2020 година, е зголемен за 35,7%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 13,8%.

Во периодот јануари – март 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 34,7% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2,3%, а кај странските има намалување за 56,1%.

Во периодот јануари – март 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 28,2% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 5,6%, а кај странските има намалување за 45,3%.

Фото: Pixabay