За 3% намален бројот на работници во индустријата во март

7

Бројот на работници во индустријата во март оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во март 2021 година, во однос на март 2020 година, бележи опаѓање од 6,6%, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 2,7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 3%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март 2021 година, во однос на март 2020 година, бележи опаѓање кај Енергија за 3,8%, Интермедијарни производи, освен енергија за 2,1%, Капитални производи за 2,4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4%, додека пораст бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 3,4%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – март 2021 година, во однос на периодот јануари – март 2020 година, е намалена за 3,5%.

Фото: Pixabay