За 40% помалку продадени недвижнини во Словенија

94

До 15-јули оваа година во Словенија се регистрирани околу 10.800 договори за купопродажба на недвижнини, чија вкупна вредност е нешто помалку од 770 милиони евра, пренесуваат словенечките медиуми.

Во однос на втората половина на 2019 година, има намалување од 40% на вкупната вредност на склучени трансакции за купопродажба на недвижнини. Како причина за тоа се наведува пандемијата и економските последици што ги остави зад себе.

Според податоците, во првата половина од оваа година цените на старите станови во Словенија се зголемија за 3% во однос на втората половина од 2019 година, а за 7% во однос на првото полугодие од 2019 година и за 11% во споредба со првата половина од 2018 година. За првпат, просечната цена на старите станови на државно ниво надминаа 1.900 евра за метар квадратен.

Во период од 2017-та до 2019-та година, меѓу првите пет најчести странски купувачи на станови во Словенија се државјани од Унгарија, Германија и Србија, пренесува Seebiz.

Фото: Freepik