За 63,9% зголемен бројот на одобренија за градење

19

Во октомври оваа година се издадени 241 одобренија за градење, што е за 63,9% повеќе во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.302.972.000
денари, што е за 29,4% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 169 односно 70,1% се наменети за објекти од високоградба, 26 или 10,8% за објекти од нискоградба и 46 т.е. 19,1% за објекти за реконструкција.

Од вкупно 241 објект, на 176 односно 73% како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 65 објекти или 27% инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 485 станови со вкупна корисна површина од 39.498 метри квадратни.