За 84% падна продажбата на недвижнини на Менхетн

40

Бројот на договори за продажба на недвижен имот на Менхетн во мај оваа година е намален за дури 84% на годишно ниво, пренесува CNBC.

Во мај се потпишани вкупно 160 договори, во споредба со 992 договори во мај минатата година, покажуваат податоците на Urban digs. Бројот на нови понудени недвижнини, исто така, е намален за 71% на 574, бидејќи сопствениците се одлучиле да го задржат својот имот додека градот повторно не се отвори.

Остриот пад на пазарот на недвижнини на Менхетн најмногу се чувствува кај скапите нови станови и пентхауси, што беше забележан уште пред пандемијата. За становите чија цена е поголема од четири милиони долари, во мај биле потпишани само 16 договори, на вкупно 100 милиони долари, што е пад од скоро 90% во однос на истиот период лани, кога беа потпишани 111 договори во вредност од 1,1 милијарда долари.

Фото: Freepik