За четвртина намалена продажбата на нови автомобили во Европа

21

Побарувачката за автомобили во Европа во јануари се намали за една четвртина, одразувајќи ги рестриктивните мерки против пандемијата, покажуваат официјалните податоци од автомобилската индустрија.

Во 26 земји членки на Европската унија, без Малта, регистриран е 726.491 нов автомобил во јануари, што е за 24% помалку одошто во истиот период во 2020 година, пред да избие пандемијата.

Меѓу четирите најголеми пазари во Европа, најголем пад на побарувачката има во Шпанија каде продажбата е двојно помала одошто на почетокот на 2020 година. Во Германија се регистрирани една третина помалку нови автомобили одошто во јануари лани, а во Италија 14% помалку. Најблаг пад има Франција од 5,8%.

Раст во продажбата на нови автомобили има само во Шведска и тоа за 22,5%.

Фото: Pexels