Бидејќи сè поголем број вработени редовно пријавуваат “зумор“, односно замор поради трошење многу време на апликации за телеконференција како што е Zoom, нивните работодавци смислуваат разни начини за да им го олеснат секојдневниот живот.
Така, технолошките гиганти TikTok i Salesforce го ограничија бројот на видео состаноци што ги одржуваат нивните вработени, а нивите постапки ги следеа банките HSBC и Citi, кои воведоа “денови без зумирање“.
Банките доаѓаат до вакви одлуки не само поради грижата за своите вработени, туку и поради истражувањата што покажуваат како заморот на вработените ќе влијае на нивната продуктивност, односно деловната активност.
Фото: Freepik











