За данок на наследство ќе платат 10,8 милијарди долари

54

Наследниците на Ли Кун Хи, претседател на телекомуникацискиот гигант Samsung, кој почина во октомври, ќе платат 10,8 милијарди долари данок за наследство.

Семејството на Ли преку Samsung Electronics соопшти дека даноците на наследство ќе изнесуваат повеќе од половина од вредноста на вкупниот имот на починатиот, додавајќи дека вкупниот данок од 12 трилиони корејски вони е “еден од најголемите во Јужна Кореја и на глобално ниво“.

Според семејството, износот е три до четирипати поголем од вкупниот приход на јужнокорејската влада од данок на недвижен имот во 2020 година.

Новинската агенција Yonhap објави дека тоа ќе биде најголемиот данок во историјата на Јужна Кореја.

Семејството најави дека ќе ја плати сумата на шест рати за пет години, почнувајќи од овој месец.

“Наша граѓанска должност и одговорност е да ги платиме сите даноци“, изјавија тие.

Фото: Pixabay