За девет месеци Хотели Метропол прокнижи добивка од 46,6 милиони денари

37

Хотели Метропол во текот на деветте месеци од оваа година прикажа добивка од 46.668.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата оствари добивка од 46.527.000 денари.

Во периодот од први јануари до 30-ти септември, хотели Метропол во своето работење, како што стои во Образложението кон билансот на успех, бележи зголемен број на ноќевања од 1,93% во однос на истиот период во 2018 година или остварени 82.176 ноќевања, притоа е остварен позитивен финансиски резултат во однос на 46.668.000 денари.

Остварениот вкупен приход од 180.614.000 денари е за 2,26% поголем во однос на истиот период од минатата година кога изнесуваше 176.618.000 денари.

Фото: Pixabay