За девет месеци Интерпромет од Тетово оствари добивка од пет милиони денари

51

denari-1

Интерпромет од Тетово за девет месеци оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 5.035.000 денари, стои во деветмесечниот биланс на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – септември лани, компанијата прикажа добивка од 4.110.000 денари.

Вкупните приходи од продажба заклучно со 30-ти септември оваа година изнесуваат 17.301.000 денари, додека една година претходно беа на ниво од 15.863.000 денари.

Основна дејност на Интерпромет е трговија на мало во неспецијализирани продавници.