За македонските граѓани се олеснува патувањето во Јемен и Авганистан со flydubai

33

Flydubai најавува нови летови, за Аден (Јемен) три пати во неделата, како и два лета неделно за Кандахар (Авганистан). Линијата за Кандахар ќе стартува на 25 јули, а за Аден ќе стартува на први август. За  приближно 8.000 Македонци кои патуваат во Авганистан, стартувањето на овие линии значително ќе го олесни патување и авионските врски. Со овие две нови линии, мрежата на авиокомпанија се зголемува на 68 дестинации.

flydubai ќе стане првиот авиопревозник од Емиратите кој што лета директно и за Аден во Јемен и за Кандахар во Авганистан. Во 2012 година беа воведени линиите за Сана, главниот град на Јемен, а во 2010 за Кабул, главниот град на Авганистан.

“Со големо задоволство ги најавуваме летовите за Аден и Кандахар. Овие најнови линии на нашата мрежа ќе отворат уште повеќе можности за патување и поврзување на овие две земји. Покрај тоа flydubai ќе понуди и бизнис класа за двете дестинации“, изјави Гаит Ал Гаит, извршен директор на компанијата.

Од трите нови лета што flydubai ги воведува, еден ќе оди преку Џибути. Овој нов сервис ќе ги зголеми бројот на летови кон Џибути на шест летови неделно. Покрај тоа во продажба се и карти за летови помеѓу Аден и Џибути.

Летовите кон двете дестинации ќе нуди и бизнис класата, на ниво на компанијата воведена кон крајот на минатата година. Бизнис класата на компанијата flydubai на патниците ќе им понуди исклучително опслужување и персонализирано искуство при летот. Патниците во бизнис класата ќе уживаат во приоритетна постапка во check in процедурата и посветен дваесетчасовен сервис којшто им овозможува букирање или одговор на прашања во текот на патувањето. Комфорните пространи седишта, изработени од италијанска кожа, имаат добро закривен наслон. Наградуваниот систем за забава на компанијата се прикажува на екран со висока резолуција од 12,1 инчи којшто е чувствителен на допир. Покрај тоа, во понудата е селекција од интернационално инспирирани менија и освежување кои се послужуваат во текот на летот.

За Аден flydubai ќе лета три пати неделно на линија Дубаи – Аден почнувајќи од први август 2014 година.

Вторник и петок – летот FZ603 има планирани поаѓања од Терминалот 2 во Дубаи во 10:40 по локално време со слетување на Маѓународниот аеродром во Аден во 12:35 по локално време. Овој лет потоа продолжува за Џибути со полетување од Меѓународниот Аеродром во Аден во 13:20 по локално време и слетува на Амболи Меѓународниот аеродром во Џибути во 14:15 по локлано време. Истиот лет се враќа за Дубаи со полетување од Амболи Меѓународниот аеродром во Џибути во 15:00 по локално време и со слетување на Терминал 2 на аеродромот во Дубаи во 19:10 по локално време.

Сабота – Летот FZ605 има планирани поаѓања од Терминалот 2 на Меѓународниот аеродром во Дубаи во 10:40 по локално време и слетува на Амболи Меѓународниот аеродром во Џибути во 12:55 по локално време. Потоа летот FZ605 полетува од Амболи Меѓународниот аеродром во 13.40 по локално време и слетува на Меѓународниот аеродром во Аден во 14:30 по локално време. Летот FZ605 полетува од Меѓународниот аеродром во Аден во 15:15 по локално време и слетува на Терминал 2 на Меѓународниот аеродром во Дубаи во 19:15 по локално време.

flydubai ќе лета за Кандахар два пати во неделата, започнувајќи од 25 јули 2014 година.

Летот ФЗ351 има планирано тргнување од терминалот 2 на Меѓународниот Аеродром во Дубаи во вторник и петок од 4:10 по локално време, со слетување во Кандахар во 7:20 по локално време. Летот ФЗ 352 има планирано тргнување од Кандахар истиот ден, во 8:20 по локално време, слетувањето се очекува во Дубаи да биде во 10:20 по локално време.

Цените на повратните билети во економска класа на линија – Дубаи – Аден ќе чини од 338 евра, во цената е вклучен и багаж до 20 кг, додека цената за Бизнис класа се движи од 834 евра и ги вклучува сите такси и 40 кг багаж.

Цената на повратен билет во економска каласа за Кандахар ќе чини 199 евра, воедно во цената е вклучен багаж до 20 кг, додека цената за Бизнис класа започнува од 874 евра каде се вклучени сите такси и 40 кг багаж.

Цените на повратните билети во економска класа помеѓу Аден и Џибути ќе чини од 256 евра, со вклучен багаж до 20 кг, додека цената на Бизнис класа ќе започнува од 615 евра и ќе биде вклучен багаж до 40 кг.

Летовите може да се букираат на сајтот на компанијата, или преку кол центарот (+9714 231 1000), претставништвото на flydubai или преку партнерските агенции на компанијата flydubai. Дополнителни информации и детали околу сервисот за изнајмување на автомобили и патничко осигурување исто така се достапни на страницата на flydubai.com.