За над 166% пораст на прометот на берза

42

Вкупниот промет на Македонска берза, во период од 26-ти до 30-ти октомври оваа година, достигна 2.970.789 евра, што е пораст за 166,30% во однос на претходната недела, стои во Неделниот преглед на Македонска берза.

Кај вкупниот број на трансакции (470) има пораст од 98,31%.

Пазарната капитализација оваа недела се позиционираше на 3.315.426.793 евра или 0,14% повеќе во однос на една недела претходно. На последниот ден за тргување (30.10.2020 година) изнесуваше 1.829.115.152 евра, односно 1,26% помалку во однос на истиот период претходната недела.

Индексот МБИ 10 достигна 4.428,65 поени, што е неделен пораст од 0,66%.

Најтргувани акции во неделата што е зад нас беа оние на Комерцијална банка, НЛБ Банка, Алкалоид, Гранит и Макпетрол.

Фото: Freepik