За над 231% поголема вредност на договорените градежни работи во странство лани

22

Вкупната вредност на договорени градежни работи во странство, во периодот јануари – декември лани, изнесува 4.070.307.000 денари, што е за 231,9% повеќе во однос на истиот период претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во наведениот период, градежната оператива од Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 277.701.000 денари, што е за 77,3 % помалку во споредба со истиот период од претходната година. Големиот пад на вредноста на извршените градежни работи се должи на завршувањето на градежните активности на објектите во Босна и Херцеговина кон крајот на минатата година.

Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во  Германија, Црна Гора и Бугарија.

Фото: Pexels