За над 27% зголемен надворешнотрговскиот дефицит на Грција

30

Надворешнотрговскиот дефицит на Грција во март се зголеми за 27,1% во однос на истиот период лани, достигнувајќи 2,09 милијарди евра, според официјалните податоци.

Вредноста на увозот во март беше 5,42 милијарди евра, што е за 31,6% повеќе во споредба со истиот период лани, додека извозот е зголемен за 34,6%, на 3,33 милијарди евра.

Од друга страна, во првите три месеци од оваа година е зголемен увозот за 1,9% на годишно ниво, на 13,49 милијарди евра, додека извозот порасна за 9,6% на 8,75 милијарди евра.

Надворешнотрговскиот дефицит во првото тримесечје изнесуваше 4,73 милијарди евра, што е пад од 9,8% во однос 5,24 милијарди евра во истиот период лани.

Фото: Pexels