За над 50% намален прометот во индустријата во април

29

Прометот во индустријата во април оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 50,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во април 2020 година, во однос на април 2019 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 23,8%, Капитални производи за 80,2%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 42,5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 29,2%.

Прометот во индустријата, вкупно, во април 2020 година, во однос на март 2020 година, е намален за 40,9%, додека во периодот јануари – април 2020 година, во однос на периодот јануари – април 2019 година, е намален 15,2%.

Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата на домашниот пазар, во април 2020 година, во однос на април 2019 година, е намален за 17,6%.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во април 2020 година, во однос на април 2019 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9,2%, Капитални производи за 24,3%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 43,1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 20,6%.

Прометот во индустријата на домашниот пазар, во април 2020 година, во однос на март 2020 година, е намален за 16,8%, додека во периодот јануари – април 2020 година, во однос на периодот јануари – април 2019 година, е намален за 2,3%.

Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата на странските пазари, во април 2020 година, во однос на април 2019 година, е намален за 61%.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во април 2020 година, во однос на април 2019 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 28,9%, Капитални производи за 82%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 45% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 35,2%.

Прометот во индустријата на странските пазари, во април 2020 година, во однос на март 2020 година, е намален за 50,3%, додека во периодот јануари – април 2020 година, во однос на периодот јануари – април 2019 година, падот изнесува 18,8%.

Фото: Freepik