За над 52% намален прометот на Берза

34

Вкупниот промет на Македонска берза, во период од деветти до 13-ти ноември, достигна вредност од 1.004.363 евра или 52,47% помалку во споредба со претходната недела, покажува Неделниот преглед на берзата.

Пад од 44,50% има кај вкупниот број на трансакции (227), додека индексот МБИ 10 се позиционираше на 4.409 поени што е неделен раст од 1,49%.

Пазарната капитализација, во текот на трговската недела, достигна 3.312.395.657 евра, односно 0,37% повеќе во споредба со претходната недела. На последниот трговски ден (13.11.2020 година) за оваа недела, пазарната капитализација беше 1.816.992.066 евра што претставува намалување од 0,40% на месечно ниво.

Петте најтргувани акции на берзата, во изминатата недела беа оние на: НЛБ Банка, Комерцијална банка, Алкалоид, Гранит и Макпетрол.