За над 54% зголемен бројот на издадени одобренија за градење во ноември

13

Во ноември минатата година се издадени 281 одобрение за градење, што претставува 54,4% повеќе во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.601.885.000 денари, што е за 83,9% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 181 односно 64,4% се наменети за објекти од високоградба, 41 или 14,6% за објекти од нискоградба и 59 т,е, 21% за објекти за реконструкција. Од вкупно 281 објект, на 184 или 65,5% како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 97 објекти односно 34,5% инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 361 стан со вкупна корисна површина од 35.324 метри квадратни.