Во јануари оваа година се издадени 236 одобренија за градење, што е за 68,6% повеќе во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 1.578.227.000 денари, што е за 35,8% помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 153 или 64,8% се наменети за објекти од високоградба, 26 односно 11% за објекти од нискоградба и 57 т.е. 24,2% за објекти за реконструкција. Од вкупно 236 објекти, на 166 или 70,3% како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 70 објекти односно 29,7%инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 383 станови со вкупна корисна површина од 35.209 метри квадратни.