За над 96% зголемен транспортот по воздухопловен пат

42

За вкупно 96,4% е зголемен превозот на стоки по воздухопловен пат во третото тримесечје од оваа година во споредба со истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Пораст е забележан и кај количеството на превезена стока во товарниот патен превоз – 13,2% и кај железничкиот за 21,3%.

Во истиот период, во патниот превоз бројот на превезените патници изнесува 1.929.000, во железничкиот превоз 208.000, во градско – приградскиот превоз 19.669.000, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз изнесува 428.284.