За над 99% намален бројот на туристи во мај

46

Бројот на туристи во мај оваа година изнесува 838, а бројот на ноќевањата изнесува 4.946, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на туристи во мај оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 99,2%, а бројот на ноќевањата е намален за 97,6%.

Бројот на домашни туристи во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, е намален за 97,8%, а бројот на странски туристи е намален за 99,7%.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во мај 2020 година, во однос на мај 2019 година, е намален за 96,7%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 98%.

Во периодот јануари ‒ мај 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е намален за 63,2%, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 58,2%, а кај странските има намалување за 65,6%.

Во периодот јануари ‒ мај 2020 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 62,3%, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 56%, а кај странските има намалување за 66%.

Фото: Pixabay