За над 99% скок на трансакциите на берза неделава

57

Во период од 14-ти до 18-ти септември, на берзата е остварен вкупен промет од 2.370.615 евра, што е зголемување од 50,97%, покажува Неделниот преглед на берзата.

Во овој период се реализирани 718 трансакции или 99,44% повеќе во споредба со претходната недела.

Пазарната капитализација достигна 3.349.643.976 евра или 1,13% повеќе во споредба со една недела претходно. На последниот трговски ден (18.09.2020) пазарната капитализација изнесуваше 1.870.016.149 евра, односно 6,31% повеќе во однос на минатиот месец.

Индексот МБИ 10 се позиционираше на 4.495,26 поени, што е 2,82% повеќе во однос на претходната недела.

Во текот на неделата, најтргувани беа акциите на: Комерцијална банка, Алкалоид, Макпетрол, Стопанска банка и НЛБ Банка.