За подобри економски резултати на компаниите потребна е примена на стандардите

23

Институтот за стандардизација заедно со компанијата Раде Кончар контрактори и релеи во наредните шест месеци ќе спроведуваат проект за примена на стандарди и економските придобивки.
Целта е да се види колку примената на европските стандарди ќе имаат позитивно влијание на економските резултати на работењето на компанијата. Доколку се постигне зголемување од 2%-3%, според директорот на Институтот за стандардизација Љупчо Давчев, ќе значи дека се постигнати резултати.
Велибор Ивановски од Раде Кончар посочи дека очекуваат меѓу 5% -7% зголемување на економски план од примената на стандардите. Посочи дека тие веќе имаат применето некои европски стандарди и дека се една од компаниите во Македонија која на своите производи ја имаат озната СЕ за безбедност на производот, а без кој не може да се извезува на европските пазари.
“Процесот на стандардизација не е едноставен и е навистина скап. Целтата постапка може да чини за некои стандарди и до 10.000 евра”, рече Ивановски.
Директорот Давчев потенцира дека самиот стандард чини меѓу 1.000 и 3.000 евра, но дека имплементацијата на стандардите ги чини многу повеќе компаниите.
Институтот, појасни Давчев, не ги создава стандардите, туку на иницијатива на компаниите ги поврзува и им помага да го изработат стандардот.
Тој истакна дека во изминатиот период се укинати 11.600 стандарди кои важеле во поранешна Југославија и дека добиле нови над 20.000 еврпски стандарди.
Македонија, како што рече Давчев, има и свои пет национални стандарди кои се однесуваат на тутунските производи, течните горива, гасоводните системи, пластиката…
Давчев на крај, посочи дека во изработка се уште два стандарда кои се однесуваат на тутунската и авиоиндустријата.