За полесно користење – сапун во форма на прстен

27

Ring-Soap_3-800x446Овој сапун во форма на прстен, дело на Британецот Себастијан Берн, нуди решенија за долготрајноста и хигиената при миењето и капењето, пишува Business Insider. Неговата форма овозможува тој да се закачи на ѕид со што истиот останува сув, чист и трае многу подолго од останатите сапуни.

Тој доаѓа заедно со мала закачалка и може да се нарача на веб страната Gessato. Закачалката е изработена од алуминиум и обложена е со лепило отпорно на вода за лесна инсталација во бањата или кујната.

За прв пат сапунот беше креиран во 1994 година за потребите на германската компанија Authentics. Сега дизајнерот го рекреираше својот изум со низа нови состојки со подобрен квалитет. Сапунот е направен од висококвалитетен глицерин и нежен парфем и природно ја навлажнува кожата. Неговата боја е светло зелена, што се совпаѓа со аромата на цитрусно овошје.