За продолжениот викенд на преспанските плажи 10.000 туристи

3

За време на продолжениот викенд, за само три дена преспанските плажи ги посетиле околу 10.000 лица. Туристичките работници се задоволни од бројноста на гостите. Шпицот на сезоната ги оправда нивните очекувања.

“Преполни беа плажите од Претор до Долно Дупени на источниот, и од Отешево до Стење на западниот брег, не само со гости од Македонија, туку и од соседните држави. Тоа зборува дека овој туристички регион заслужува внимание“, велат тур – операторите, објави Миа.

Причини за одличната посетеност се средените плажи, ниските цени, културното лето, но и вложувањата на новите концесионери во Претор и Крани.

Сепак сметаат дека на Преспа и недостигаат сместувачки капацитети иако нив, во мала мера, ги заменуваат објектите од алтернативниот туризам кои секоја година привлекуваат повеќе гости, посебно странски туристи.