За првпат по 163 години постоење најголемата банка во еврозоната забележа загуба

116

Шпанската Banco Santander ја објави првата загуба во својата 163-годишна историја и најлошиот резултат за европска финансиска компанија, откако здравствената криза ја принуди да отпише голем дел од вредноста на својот бизнис ширум светот.

Како што соопшти најголемата банка во еврозоната според пазарната капитализација, нивната рекордна загуба изнесува 11,1 милијарди евра. Ова е втора најголема загуба за европска банка по загубата што ја објави италијанската UniCredit SpA на крајот на 2016-та година од 13,6 милијарди евра.

Поради влошената економска перспектива, Santander отпиша 12,6 милијарди евра од претходните аквизиции. Шпанската банка, која забележа крај на своите успеси, е особено погодена од кризата, бидејќи Шпанија и Бразил се меѓу најважните пазари. Двете се меѓу државите кои се најмногу погодени од пандемијата на коронавирусот ширум светот.

Шпанската банка ја плаќа цената за брзиот раст во областите кои се силно погодени од пандемијата – како што се британското кредитирање на потрошувачи и нискокаматните кредити во САД – со отпис на средства во износ од 14,8 милијарди долари, што се одразува на влошените економски изгледи.

Банката забележа пад на пазарната вредност од 45% во оваа година, што ја прави една од најлошите финансиски институции на континентот.

Фото: Facebook