За шведски епидемиолог нема потреба од носење заштитни маски

61

Сè уште нема потреба за носење заштитни маски во Шведска, рекол водечкиот епидемиолог во таа земја со повеќе од 7.000 починати од почетокот на пандемијата, откако Светската здравствена организација (СЗО) објави препораки за поширока употреба на маските.

СЗО објави дека сите лица постари од 12 години, на оние места каде епидемијата масовно се шири би требало да носат маски во продавници, на работни места и во училиштата во коишто не може соодветно да се проветрува просторијата.

Шведската здравствена агенција, којашто стои зад тамошната стратегија, ги отфрли препораките за носење на маски, наведувајќи ги како доказ слабите докази за нивната ефикасност и страв дека тие можат да се користат како изговор проти изолација при појава на симптоми.

“Маските за лице би бил потребни во некои ситуации. Тие сè уште не се појавија во Шведска, со оглед на нашиот дијалог со регионите. Сите досегашни студии сугерираат дека е поважно да се одржува растојание одошто да се носат маски“, смета Андерс Тегнел, главен шведски епидемиолог.

Стапката на смртност по глава жител во Шведска е неколку пати повисока во споредба со другите нордиски земји.

Фото: Freepik