За силните жени…

47

Фото: Pixabay

За секоја улога што ја има жената, за сите напори, надежи, стравови, сомнежи… за сета нивна храброст и во чест на денот, доза инспиративни и интересно – комични изреки за жените од жените.

Жената која ја следи толпата обично нема да стигне подалеку од другите. Онаа која оди сама има големи шанси да отиде на места кај што не бил никој друг.

Жените не треба да се трудат да бидат еднакви со мажите, тие и без тоа се посупериорни од нив.

Ако сакаш нешто да се каже, прашај маж, ако сакаш нешто да се направи, прашај жена.

Моќта не е дадена, таа едноставно треба да се земе.

Кога повеќе жени работат заедно се случува моќен пресврт.

Ако не можете да поднесете жена кога е во лошо расположение, не ја заслужувате ни кога ќе биде во најдобрите моменти.

Никој не може да ве направи инфериорни, ако не му дозволите.

Дефинирајте го успехот според вашите услови и постигнете го според ваши правила.

Мажот го прави она што мора да го направи. Жената го прави тоа што мажот не може.

Ако ги почитувате сите правила, ќе ја испуштите целата забава.