За слаткиот вкус на Mars чоколадите…

94

Фото: Pexels

Многумина уживаат во слатките вкусови на чоколадите од компанијата Mars, но малкумина знаат дека…

Корпорацијата Mars е сопственик и производител на најпознатите чоколади меѓу кои: M&M, Snickers, Twix, Milky Way, Bounty…

Mars е основана уште во далечната 1911 година, од страна на Франклин Марс и успешно функционира веќе 107 години.

Корпорацијата Mars е сопственик на компанијата за храна за миленичиња, Pedigree, како и Uncle Ben’s Rice, Orbit и Airwaves.

Дури 86% од вработените изјавиле дека е одлично да се работи за Mars, 93% дека добиваат одлични награди, а 91% дека имаат одлични шефови.

Чоколадото познато како Milky Way во Америка, е всушност Mars во Велика Британија.

Во оваа компанија вработени се околу 70.000 луѓе, во 74 земји.

Mars одбиле да имаат реклама во филмот E.T за нивните бомбони M&M.

Компанијата им дозволува на вработените да ги донесат нивните домашни миленици на работа.

Mars е рангирана како 6-та најголема приватна компанија во Америка, од страна на Forbes.

Корпорацијата Mars е комплетна сопственост на семејството Марс.