За три децении авионите ќе се движат само на водород и струја

30

Европската авиоиндустрија ги најави плановите за намалување на емисијата на јаглерод диоксид до 2050 година со помош на воведување нови технологии и користење одржливи горива.

Секторот до 2050 година би требало да ја сведе на нула емисијата на штетни гасови на летовите во рамки на Европската унија, во Велика Британија и Швајцарија.

Авиоиндустријата би ја намалила емисијата на штетни гасови за 92%, а останатите 8% би се постигнале со технологија и отстранување на традиционалните горива.

Бидејќи клучните технологии поврзани со ниска емисија на јаглерод диоксид нема да бидат достапни пред 2030 година, авиоиндустријата до крајот на оваа деценија ќе се фокусира на купување дозволи за емитување штетни гасови.

Фото: Pexels